ОСНОВНА ОБУКА ЗА ИДНИ ПОЛИГРАФИСТИ

ОСНОВНА ОБУКА ЗА ИДНИ ПОЛИГРАФИСТИ
2024-10-02 2024-12-06
5000.00 €

Доколку сакате да навлезете во светот на криминологијата,психологијата и физиологијата преку кои сублимирани науки ќе станете експерт за докажување на вистината со помош на Полиграф ,ова е идеална прилика да учествувате на првата обука кој ќе се одржи во нашиот лиценциран полиграфски центар. Основниот курс за испитувач на полиграф е акредитиран од EПA(Европската Полиграфска Асоцијација) и се состои од минимум 400 часа. Оваа обука се изведува во времетраење од десет последователни недели ,а нема да трае подолго од 17 недели според стандардите за акредитација. Надоместокот за курсот за основниот испитувач обично се плаќа пред почетокот на курсот на студии. Обуката ќе ја изведуваат врвни лиценцирани инструктори во полиграфијата кои се профилирани во меѓународни рамки.Истите се долгогодишни членови на Американската полиграфска Асоцијација и од скоро и на Европската Полиграфска Асоцијација.Школарината ги вклучува предавањата по сите поглавја , материјали и употреба на опрема и полиграфска инструментација заедно со консултации со персоналот додека присуствуваат на обуката.

НАПОМЕНА: Обуката во овој семестар ќе се изведува во група од најмногу 6 студенти,согласно меѓународните стандарди.

             Предности на оваа обука:

-По завршувањето на обуката се стекнувате со меѓународно признат сертификат за Форензички психофизиолог

-Наставата ќе се изведува на Македонски јазик ;

-Во нашиот обучен центар е што студентите и по завршувањето на обуката во секое време ќе имаат стручна поддршка од инструкторите на полиграф центарот доколку се појават проблеми во работењето околу полиграфската наука.

-Бидејќи во Македонија има недостаток на полиграфисти а потребите за примена во приватен и во јавен сектор се зголемуваат  ова е идеална можност за работа со оваа наука.

АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ОБУКАТА СЕ ВРШИ ПРЕКУ КОНТАКТ ФОРМАТА НА НАШАТА ВЕБ СТРАНА КАДЕ ШТО ЌЕ НАВЕДЕТЕ КРАТКА БИОГРАФИЈА И КОНТАКТ КАКО БИ ВЕ КОНТАКТИРАЛЕ ОКОЛУ ПОНАТАМОШНИ ИНСТРУКЦИИ


Цена на обуката 5000 ЕВРА

ОКТОМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2024

Контакт

Емаил

contact@poligrafekspert.mk

Локација

Ул. Кузман Јосифовски Питу
бр 22

Телефон

+389 77 92 88 13
+389 77 92 88 15

Пишете ни

Пораката е успешно испратена Испраќањето на пораката не успеа