Лажењето е дел од човечката природа. Но уште од дамнина, луѓето се обидуваат да најдат начин да ја разликуваат вистината од измамата. Полиграфот претставува најсофистициран резултат на тој обид – уред кој преку научни методи се обидува да ја „улови“ лагата. Со повеќе од 100 години историја, тој сè уште предизвикува дебати, но и привлекува интерес поради својата практична примена.
Принципи на работа
Кога човек лаже, неговото тело влегува во состојба на психофизиолошки стрес. Срцето забрзано чука, дишењето станува променливо, а кожата почнува да се поти. Овие промени не се лесно контролирани. Полиграфот, преку своите сензори, ги регистрира токму тие несвесни реакции.
Испитувањето се изведува со серија прашања – некои неутрални, некои релевантни. Се споредуваат реакциите и врз основа на тоа се извлекува заклучок за веродостојноста на одговорите.
Колку е точен полиграфот?
Иако нема научен инструмент кој е 100% непогрешлив, бројни анализи покажуваат дека полиграфот е безгрешен, а степенот на точност зависи од сертифицираноста и искуството на испитувачот за работа со истиот.Во светот може да се сретнат испитувачи кои не се сертифицирани и ја изобличуваат перцепцијата за точноста на полиграфскиот метод. Статистиките зборуваат за највисока точност, особено кога тестот е спроведен од сертифицирани испитувачи со современа опрема и правилно структурирани прашања.
Оваа комбинација од технологија и експертско знаење е причината зошто полиграфот е прифатен и применуван во многу држави и институции.
Зошто е корисен полиграфот?
Полиграфот е корисен бидејќи овозможува транспарентност и решавање на сомнежи во ситуации каде што субјективните изјави не се доволни. На пример:
· во правосудството, кога е потребно дополнително средство за оценка на сведоштва,
· во корпоративниот сектор, каде довербата е основа на успешното работење,
· во меѓучовечките односи, кога недоразбирањата можат да се расчистат со објективен тест.
Критики и перцепција
Некои критичари укажуваат на можноста за грешки и ја оспоруваат употребата на полиграфот како апсолутен доказ. Но, иако постојат ограничувања, најголемата сила на оваа технологија лежи во психолошкиот ефект. Сепак полиграфот е клучна алатка за докажување на вистинитоста на исказот на секој поединец која можеби се оспорува од било кого и од било какви причини.
Иднина на полиграфот
Со развојот на технологијата, се очекува полиграфите да станат уште пософистицирани. Новите дигитални системи овозможуваат подобра анализа, а во комбинација со компјутерски алгоритми и вештачка интелигенција, прецизноста во иднина може дополнително да се зголеми.
Полиграфот е повеќе од уред – тој е симбол на стремежот да се открие вистината. Иако не е совршен, неговата практична вредност е неспорна. Како научна алатка, тој обезбедува јасна предност во ситуации кога искреноста е од пресудно значење.
Праксата во минатото покажува дека полиграфската методолошка постапка многу допринела во сите сфери на општественото живеење .